Анекс договорот за автопатот Демир Капија-Смоквица на владина седница

Владата на денешната седница ќе ја разгледа информацијата за потребата од потпишување на анекс на договорот за изградба на нова автопатска делница Демир Капија – Смоквица, како дел од Паневропскиот Коридор 10, како и анекс кон Договорот за надзор на изведбата на овој автопат, информира владината прес-служба.
Владиниот кабинет треба да расправа за информациите за статусот со четвртиот јавен повик за финансирање проекти во рамки на два инструмента на Фондот за иновации и технолошки развој и за Националната стратегијата за индустриска сопственост 2016 – 2018 година со акциски план за спроведување. Најавено е дека ќе биде разгледана и ќе бидат донесени соодветни заклучоци и за информацијата за степенот на имплементација на реформските мерки во областа на енергетиката.
На предлог на Министерството за труд и социјална политика ќе се расправа и за информацијата за изменување на Ревидираниот оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2017 година, со Оперативен план за изменување на Ревидираниот оперативен план.
На 31.седница на Владата, меѓу останатото, ќе бидат разгледани Извештајот за работа на Инспекцискиот совет и Информација за работа на инспекциските служби за втор квартал за 2017 година, и Извештајот за работењето на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски“, дооел Скопје, до денот на именувањето на вршителот на должност управител Александар Петровски.
Владата треба да го разгледа и Решението на Уставниот суд на Република Македонија, донесено на седницата на 21 јуни 2017 година, за поведување постапка за оценување на уставноста на членот 175 од Законот за електронските комуникации.
На предлог на Министерството за локална самоуправа треба да биде разгледана информација, со предлог-заклучоци, за редефинирање на начинот и утврдување на критериумите за наменските и блок дотациите за општините, а Министерството за образование ќе презентира предлог-програма за изменување на програмата за изградба и реконструкција на средни училишта за 2017 година.
На дневен ред на владината седница е и предлог-одлуката за прогласување на Спомен - куќата на Лазар Личеновски во Скопје за културно наследство од особено значење.
Ново на Сител
-

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк денеска треба првпат да се појави пред суд
-

Во Центар Жупа изградено првото детско игралиште
-

Одбраната на обвинетите пазарни инспектори за случајот „Пулс“ тврди дека се пласираат неточни информации за институционалната одговорност и правниот статус на објектот
-

Бугарската влада на Росен Желјасков поднесе оставка по жестоките протести поради законот за буџет
-

Полицијата во Софија приведе 57 демонстранти, откриени ножеви, „боксирачи“ и пиротехника
-

Аљбан Кадриу, предложен за нов член на Судскиот совет
-

АВМУ го осуди насилниот упад во Инфомакс
-

Руте: САД ќе останат посветени на НАТО и покрај новата Национална безбедносна стратегија
