Андре Хан: На Србија местото и е во ЕУ, земјата не треба да се условува
Пратеникот на германската партија Левица (Линке) во Бундестагот, Андре Хан, смета дека на Србија местото и е во ЕУ и дека земјата не треба да се условува со прекин на традиционалните врски со Русија.
Во изјава за Танјуг, Хан вели дека заради проблемот во ЕУ со „истапувањето на Велика Британија“, дошло до намалување на поддршката за процесот на проширување.
Отворените прашања што Србија мора да ги реши во областа на правосудството, но и во нормализацијата на односите со Косово, се болни теми за Белград, оцени тој и потсети дека приемот во членство не е прашање за следните неколку години.
Хан нагласи дека Србија се наоѓа на добар пат и дека се надева оти земјите од ЕУ ќе знаат да и одадат признание за нејзиниот напредок.
Тој, исто така, истакна дека од Србија не смее да се бара прекин на традиционалните врски со Русија и таа да се става пред избор, ниту да се условува со нови услови.
- Србија е дел од Европа и од ЕУ и покрај тоа може да има односи, како економски, така и човечки со кого таа сака, порача германскиот пратеник.
Ново на Сител
-
Гори борова шума во кривопаланечкото село Нерав
-
Камбоџа и Тајланд се обвинуваат меѓусебно за артилериски напади
-
Муцунски учествуваше на првиот состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул
-
Приведени четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Тепачка во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот | ВИДЕО
-
Најмалку 11 лица се избодени со нож од напаѓач во супермаркет во државата Мичиген
-
Апел за рационално користење на водата за пиење во град Скопје
-
Приведени 4 лица за управување возило под дејство на алкохол