„Аналитичари на ризикот“: Сите напаѓачи во Германија имале ментални проблеми

Психолошката нестабилност е заеднична карактеристика за сите четворица извршители на нападите во Германија во последниве 10-тина дена, оценува групата „Аналитичари на ризикот“, според која, постојат „малку причини“ за стравување од голем организиран терористички напад во Берлин.
Според групата, чие седиште е во Лондон, има малку заеднички карактеристики на нападот со нож и секира во возот во Баварија, воружената престрелка во Минхен, нападот со нож во Ројтингер и саморазнесувањето на бомбашот самоубиец во Ансбах.
- Сите четворица напаѓачи имале ментални нарушувања, кои лежат во позадината на нивните постапки. Севкупната нестабилност, на ваквите лица им овозможува полесно да се изразат преку насилството, смета групата „Аналитичари на ризикот“.
Во извештајот на групата се наведува дека сите напади се извршени со цел „да се зголемат тензиите во земјата и да се поларизира германското општетство“.
Аналитичарот на групата, Дејвид Ли смета дека и покрај „досега невидениот страв“ во Германија од бран терористички напади како оние во Франција, сепак „постојат малку причини да се верува дека следниот голем организиран терористички напад би можел да се случи во Берлин“.
Според него, најголема загриженост претставува нападот во Ансбах, бидејќи бомбашот самоубиец користел софицистицирана експлозивна направа, што може да наведе на претпоставката дека е можно тој да имал соучесници или да бил поддржан од некоја терористичка мрежа.
Ново на Сител
-

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња „аптамил АР 2“, потрошувачите што ја купиле да не ја користат или да ја вратат
-

УЈП: Преземаме активности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски
-

Се утврдува актуелната состојба и реалните можности за Скопското кале да се отвори и стави во активна културна функција
-

Министерството за надворешни работи го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот
-

Алкараз го победи Де Минаур и се пласираше во полуфиналето на Австралија oпен
-

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња Аптамил АР 2, потрошувачите кои ја купиле да не ја користат или да ја вратат
-

МЕД: Попишани над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици на трите природни езера во Македонија
-

Во Зубин Поток запленети 140 килограми експлозив
