-->
-->
АМС: Прием за кик-бокс репрезентативците
-->
Денеска во просторите на АМС беа претставниците на македонската кик бокс репрезентација, која на неодамна завршеното Светско првенство за сениори во Белград, Србија постигнаа одлични резултати и ја претставија Македонија во вистинско светло.
Освоените 3 медали (2 златни и 1 бронзена), во конкуренција на 669 натпреварувачи од 52 држави во светот, говори за тоа дека Македонскиот кик бокс е во светскиот врв и сосема сигурно можеме да констатираме дека нашите кик-боксери владеат со светскиот трон особено во категоријата кик-лајт.
Нашите репрезентативци и медалисти: Ненад Манојловски, Димитар Георгиев и Стефани Тодорова заслужуваат уште многу вакви блескави моменти во нивната спортска кариера.
За овој голем спортски резултат, нашите спортисти Димитар Ѓорѓиев и Ненад Манојловски се стекнуваат со стипендии од меѓународна категорија и во следните две години ќе добиваат паричен надоместок од државата во висина од 1 просечна плата. На нашите медалисти, но и на сите спортисти сакам да им порачам да продолжат да редат успеси и да ја претставуваат Македонија во најдобро светло на меѓународен план, а АМС ќе го следи секој нивни успех и ќе го вреднува секој нивни резултат, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Спасески.
Истовремено, Агенцијата и во иднина ќе продолжи со поддршката на овој трофеен спорт во нашата земја, како финансиски така и логистички и искрено веруваме дека веќе во следните години, Република Македонија повторно ќе има можност да се покаже и како одличен домаќин и организатор на некое високо меѓународно натпреварување во Кик боксот.
Во 2011 година, нашата земја беше домаќин на Светското првенство и остврарувањето на вакви високи резултати, како спортски така и на организациски план ќе резултираат со добивање и на ваква улога.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор
-
Израел го отвори воздушниот простор по американските напади врз Иран
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле