Американските власти ги забранија смартфоните „Галакси ноут 7“ во авионите
Американските власти ги забранија проблематичните смартфони „Галакси Ноут 7“ (Galaxy Note 7) на јужнокорејската компанија „Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) во авионите, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се регулаторните органи.
Мерката влегува во сила денеска попладне по источноамериканско време (18 часот по средноевропско време).
Наредбата на Министерството за транспорт и другите агенции на патниците им забранува во својот багаж да носат смартфони од овој тип. Прекршителите ќе бидат казнети или апартот ќе им биде конфискуван.
Оние кои ќе се обидат во авион да влезат со „Галакси Ноут 7“, нема да бидат пуштени во него.
Претходно неделава „Самсунг“ ги запре производството и продажбата на смартфони од овој модел, по многуте информации за запалени примероци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ