Американскиот амбасадор во ОН не ја исклучува можноста САД да изврши напад врз Северна Кореја

Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли не ја исклучи можноста за напад врз Северна Кореја од страна на САД доколку биде извршено тестирање на нова нуклеарна ракета.
Хејли во неколку интервјуа ја поздрави улогата на Кина, која се обидува да изврши притисок врз Северна Кореја да прекине со нуклеарните проби. Притоа упати критики до севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, нарекувајќи го „нестабилен и параноичен“.
- Нема да направиме ништо доколку немаме причина за тоа, како што е нападот врз американската воена база или употребата на интерконтинентални балистички ракети, нагласи американската амбасадорка.
На прашањето што ќе се случи ако Северна Кореја повторно изврши ракетно тестирање, таа одговори дека „тогаш претседателот ги презема работите во свои раце и одлучува што понатаму“.
Северна Кореја често пати одбележува важни датуми со демонстрација на воените капацитети, а јужнокорејски претставници тврдат дека постои можност Пјонгјанг денеска по повод прославата на Денот на севернокорејската војска да изврши шеста нуклеарна проба.
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
