Американски научници го клонираа вирусот зика
Група научници од Универзитетот на Тексас успеаја да го клонираат вирусот зика, што претставува важен чекор во напорите за добивање на вакцина против инфекцијата што тој ја предузвикува, јавија американските медиуми.
Клонираниот примерок преттсавува копија на типот на вирусот кој е најраспространет во Јужна Америка.
Научниците сметаат дека со помош на клонираниот вирус можат да бидат инфицирани комарци, кои потоа би предизвикале инфекција кај лабораториските глувци. Овие експерименти би можеле да бидат клучни за производството на вакцина против зика, наведува стручниот магазин „Сел Хост енд Мајкроб“.
Во досегашните истражувања научниците успеаја да ја откријат стукрурата на вирусот, но ова е првпат тој да биде клониран во лабораториски услови.
Можноста за користење на клонираниот примерок на вирусот зика ќе придонесе и за унапредување и тестирање на ефектите на антивирусните лекови, сметаат научниците.
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги