Американски медиуми нема да објавуваат видео од кампањата на Трамп, оценувајќи го како расистичко

Американски медиумски мрежи објавија видео од кампањата на претседателот Доналд Трамп, кое е оценето како расистичко, по што голем број медиуми најавија дека нема да го објавуваат или ќе го повлечат од натамошно емитување.
Во видеото, од 30 секунди, е прикажан илегален мигрант од Мексико, кој двапати е депортиран од САД, а оваа година во Калифорнија е осуден на смрт за убиство на двајца полицајци во Сакраменто во 2014 година. Во спотот е користена снимка од судницата во која тој се фали со тоа убиство, како и дека сакал да убие повеќе полицајци.
Спотот, со кој претседателот Трамп ги повикува граѓаните да гласаат за републиканските кандидати на денешните избори за Конгресот, се појави во неделата во емисијата „Сандеј најт фудбал“ и вчера за време на емисијата „Морнинг Џо“.
Видеото е критикувано од многумина како расистичко, вклучувајќи и членови на Републиканската партија на Трамп.
Си-Ен-Ен одби да го емитува видеото, со образложение дека Трамп со таа снимка сака да сугерира дека демократите пуштаат такви луѓе да влезат во земјата.
Ен-Би-Си најави дека повеќе нема да го прикажува, а телевизијата Фокс њус, која Трамп често ја посочува како омилена телевизиска куќа, исто така, одби да го емитува видеото, нарекувајќи го „бесчувствително“.
Фејсбук одлучи да не дозволи повеќе платена реклама на видеото, иако корисниците ќе можат да го споделат на своите профили.
Ново на Сител
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
-

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-

Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
-

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати
-

Мерц: Поддржете ја мојата пензиска реформа или ќе пропуштите шанса што се случува еднаш во генерација
-

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на Законот за минимален глобален данок на добивка
-

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски
-

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото
