-->
-->
Американската Северна команда го следи движењето на Дедо Мраз
-->
– Северноамериканската команда за противвоздушна одбрана (НОРАД) внимателно ги следи сите знаци на можно севернокорејско лансирање ракета што официјални претставници на Пјонгјанг ја најавуваат како „божиќен дар“, но во овој период од годината го следи и движењето на легендарниот лик што да децата ширум светот им ги доставува подароците – Дедо Мраз.
Заедничката американско-канадска команда со седиште во Колорадо Спрингс, повеќе од 60 години во живо го следи движењето на Дедо Мраз додека кочиите во кои се впрегнати ирваси го обиколува светот и ги доставува подароците.
„Примарна мисија на НОРАД е одбраната на Северна Америка од закани, но со гордост ја продолжуваме традицијата на следење на движењето на Дедо Мраз ширум светот“, наведува НОРАД во соопштението.
Интернет страницата на НОРАД www.noradsanta.org на која се бележи и секој чекор на Дедо Мраз секоја година ја следат 15-тина милиони лица од повеќе од 200 земја во светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци