Американската администрација бара од агенциите на ОН да пополнат прашалник и да ги откријат антиамериканските врски
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од хуманитарните агенции на ОН кои примаат или исплаќаат американски средства, да пополнат прашалник кој открива врски со комунизмот, социјализмот илиантиамериканските верувања.
- Според копија од прашалникот што АП го виде синоќа, се поставуваат рутински прашања, додека некои се однесуваат на ставот на организацијата за абортусот или родовата идеологија, пренесе Бета.
Прашалникот бара од испитаниците да потврдат дека „проектот на кој работат не се однесува на климата или „правдата за животната средина““, дека агенцијата ја поттикнува слободата на говорот и дека „не работи со ентитети поврзани со комунистички, социјалистички или тоталитарни партии, или со која било партија што се залага за антиамерикански верувања“.
Едно прашање е дали проектите на агенцијата што се разгледува го зајакнуваат суверенитетот на САД, а другото е дали проектот има влијание врз спречувањето на илегалната имиграција во САД.
Друго прашање е дали проектот директно влијае на напорите за спротивставување на малигните влијанија, како што е она на Кина.
Портпаролот на ОН, Стефан Дужарик потврди дека некои вработени во ОН добиле инструкции. Еден поранешен дипломат рече дека прашањата биле „наметливи и непријатни“.
Ново на Сител
-
Уште една пријава од граѓанин за насилно одземена биста од Градските гробишта Бутел
-
Приведени битолчани со пиротехнички средства на натпреварот „Вардар 1961“ - „Пелистер“
-
Пациентите задоволни од медицинскиот кадар, но бараат подобри услови во штипската физикална терапија „Кежовица“
-
Приведено лице во Демир Хисар, возело под дејство на алкохол
-
САД: Допрва претстои силен руски одговор на украинските напади со дронови
-
Два аеродрома во Москва затворени по украински напад со дронови
-
Штипјанец лишен од слобода, возел под дејство на алкохол
-
Од утре пад на температурите за три до пет степени со услови за пороен дожд и грмежи