Амбасадорот на Северна Кореја во ОН го игнорира апелот на САД за прекин на тестирањето

Амбасадорот на Северна Кореја во Обединети нации, Ја Сонг-нам денеска го игнорирше апелот на САД да престане тестирањето на оружје, за да се овозможат разговори со Пјонгјанг за нуклеарната програма на земјата.
Ја наведе дека Северна Кореја не претставува закана ниту по една држава се додека не се нарушуваат нејзините интереси.
Тој апелот го оцени како „очајнички чекор смислен од САД, кои се преплашени поради неверојатната моќ на нашата Република, која успешно постигна голема историска цел, станувајќи нуклеарна сила, посочи Ја.
Претходно, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека мора трајно да се прекине однесувањето на Северна Кореја, пред Вашингтон и Пјонгјанг да разговараат.
Истовремено, тој побара од Русија и Кина да го зголемат притисокот врз Северна Кореја, за почитување на резолуциите на ОН.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека би сакал помош од Русија за Северна Кореја.
Генералниот секретар на Обединети нации Антонио Гутереш денеска изјави дека е време Советот за безбедност повторно да воспостави канали за комуникација со Северна Кореја.
Тој наведе дека тоа би вклучувало и меѓу корејските и воени канали, со цел да се намали ризикот неразбирањето да ескалира во судир.
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
