Амбасада на САД: Дејтонскиот договор не овозможува отцепување на ентитет
Амбасадата на САД во Сараево реагираше на изјавата на претседателот на Република Српска Милорад Додик дека РС сака да биде во заедница со Србија и потенцираше дека Дејтонскиот договор не дава можност за отцепување на некој ентитет.
„Какви било активности преземени со цел распаѓање на Босна и Херцеговина ќе претставуваат кршење на Дејтонскиот договор и се неприфатливи. Ние многу сериозно ја сфаќаме безбедноста и стабилноста на БиХ и посветени сме на нивно зачувување“, се наведува во соопштението на американската Амбасада.
Во соопштението се додава дека отцепување не е во согласност ниту со Уставот на БиХ.
„Ставот на САД по ова прашање е добро познат и непроменет. Ние сме посветени на принципите на Дејтонскиот договор - Босна и Херцеговина е демократска, мултиетничка, суверена и независна држава и нејзиниот територијател интегритет не се доведува во прашање“, се наведува во реакцијата од САД.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев