Алиу-Сала: Постојат можности за продлабочување на соработката со Република Албанија во областа на здравството

Министерот за здравство Азир Алиу во рамки на работната посета на Република Албанија имаше средба со министерката за здравство и социјална заштита на Албанија, Евис Сала, на која беше реафирмирана успешната билатерална соработка меѓу двете земји и можностите за понатамошно нејзино продлабочување во областа на здравството.
- Со Република Албанија имаме воспоставено успешна соработка, а со министерката Сала заеднички се залагаме за продлабочување на соработката во повеќе сегменти на здравствениот систем. Лично сметам дека размената на знаења и искуства меѓу медицинскиот кадар од двете земји придонесува кон целокупно унапредување на здравствената заштита. Воедно, ја информирав министерката за нашата заложба за јакнење на човечките ресурси и проактивно планирање на кадровските капацитети, со посебен акцент на унапредување на системот за специјализации и супспецијализации, во согласност со потребите на граѓаните, истакна министерот Алиу.
На работната средба на министрите Алиу и Сала стана збор и за дигитализацијата, како еден од клучните двигатели на развојот на здравствените системи во регионот, соопшти Министерството за здравство.
МИА
Ново на Сител
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
-

Од кандидат за градоначалник до поранешен судија: Пет имиња во трка за член на Судскиот совет
-

Андоновски ја поздрави одлуката на ЕК за отпочнување преговори за укинување на роаминг трошоците меѓу ЕУ и Западен Балкан
-

Дополнителни 186 милиони евра и нов рок за автопатот Кичево–Охрид
