Албанските медиумски работници утре на протест против новите законски решенија за медиуми
Албанските новинари и други медиумски работници утре ќе протестраат против пакетот Предлог – закони за медиуми, посебно законот „анти – клевета, со кој се предвидува затворање на портал, електронски или печатен медиуми доколку пренесат вест која се карактеризира како клевета и тоа без судска одлука.
Протестот го организираат здруженијата на новинари, под мотото „ Не го допирајте нашиот збор“. Ќе се одржи пред зградата на Парламентот, со почеток во 9:30 часот, триесет минути пред почетокот на собраниската седница.
Новинарската фела доби целосна поддршка од опозицијата и граѓанскиот сектор, но и од Дуња Мијатовиќ, комесар за човекови права на Советот на Европа, која побара текстот на законите да се разгледа од почеток, сметајќи ги за „тежок удар врз слободата на изразување“.
-Јас сум длабоко загрижена кога дознав дека албанскиот парламент ќе ги разгледува двата предлог-закони, познати како „Пакет анти – клевета“. Овие Предлог – закони имаат итна потреба од подобрување. Некои одредби не се во согласност со меѓународните и европските стандарди за човекови права кои ја штитат слободата на изразување и слободата на медиумите , оценува Мијатовиќ.
Таа го повика албанскиот парламент да ги разгледа сегашните нацрти и да ги усогласи со стандардите на Советот на Европа и судските прашања решени во Европскиот суд за човекови права.
-Комисијата го разгледа пакетот закони за медиумите, даде коментари и изрази загриженост во текот на процесот на изготвување. Комисијата ги повика албанските власти да ги разгледаат препораките дадени од ОБСЕ и на Советот на Европа, мобилизирани преку фондовите на ЕУ, со цел да се обезбеди усогласеност со европските стандарди во областа на слободата на изразување,стои меѓу другото во писмениот одговор на ЕК до медиумите.
Ново на Сител
-
Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР
-
Совет на Европа: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога