Албанските демократи тврдат дека партијата на Трамп бара техничка влада во Албанија и оти „нон грата" за Бериша е веќе поништен

Генералниот секретар на албанската опозициска Демократска партија, Фљамур Нока, во гостување на А2 Си-ен-ен уште повеќе ја надополни перцепцијата на демократите дека администрацијата на Доналд Трамп ќе ја отстрани мерката „нон грата” за Сали Бериша.
Според него, Унијата на демократите на светот, чиј дел е и Републиканската партија на Трамп, изгласала резолуција со која се осудува режимот на премиерот Еди Рама, се бара формирање техничка влада во Албанија, а за Нока тоа значи дека одлуката за Бериша е неважечка.
Тој се пофали дека ДП веќе има најголема меѓународна поддршка.
– Унијата на демократските партии на светот усвои резолуција со која го осудува режимот на Еди Рама, кој ја загрозува правдата, а ги осудува и апсењата на опозициското раководство.
Оваа резолуција бара формирање техничка влада во нашата земја пред парламентарните избори. Овој сојуз е предводен од Републиканската партија на Трамп.
Теоретски падна и одлуката за Бериша -“нон грата”. Ветерот на Трамп дува. Денес сме партија со најголема поддршка од меѓународниот фактор“, изјави Нока.
Тој е убеден во победата на демократите на општите избори што во Албанија ќе се одржат на 11 мај, додавајќи дека ќе освојат над 60 отсто од гласовите.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
