Албански адолесценти во Италија се пријавуваат како напуштени деца

Голем број албански адолесценти на возраст од 14 со 17 години, заминуваат во Италија и во тамошните институции се пријавуваат како напуштени, јави дописникот на МИА.
- Ова е еден од повеќето феномени кои ги вознеминуваат италијанските власти,посебно во неколку подрачја на земјата. Начинот на кој се прави тоа е обичен: откако ќе бидат донесени во Италија од нивните билски, адолесцентите се пријавуваат како напуштени за да може да ги користат бенефициите кои ги дава италијанското Министерство за социјала политика за школување, сместување и издраша, се до полнолетство, јави тиранската телевизија Топ-чанел.
Тоа, според истиот извор, е дополнителен проблем, затоа што малолетник-странец во Италија не подлежи на принудна реадмисија.
- Минатата година во областа Емилија Ромања, 63 отсто од напуштените малолетници биле Албанци, што њ чудно кога се знае дека Албанија не минува ниту низ хуманитарна криза, ниту низ војна, наведува Топ-чанел.
Од истрагата било утврдено дека бројот на навдно напуштени албански тинејџери е најголем пред и околу на почетокот на учебната година во септември.
Ново на Сител
-

Кошта доаѓа во Скопје
-

Средба Сиљановска-Пелегрини
-

Муртезани: Тврдам дека и во следниот извештај Македонија ќе биде прва земја од ЗБ по однос на спроведени реформи
-

Пендаровски потврди дека имало различни идеи за уставни измени со помош на меѓународната заедница
-

Владината реконструкција до крајот на јуни
-

СДСМ бара избори во Карпош
-

Трет обид за избор, Ислами и Џафери предложени за местото во Судски совет
-

Законот за заштита од употреба на тутун и сродни производи помина на Влада – Наскоро стапува на сила
