Албанската полиција заплени над 1,6 тони марихуана
Албанската полиција на различни локации за едно деноноќие заплени над 1,6 тони марихуана и два килограми хероин.
Од вкупно запленетата дрога, над 1,2 тона марихуана албанската гранична поморска патрола открила кај островот Сазан, по продолжувањето на акцијата прекината поради немирното море.
- Со подобрувањето на временските услови, полицијата од Валона во соработка со Делта форте и Гуардиа ди финанца открија голем моторен чамец натоварен со дрога. Поголем дел од дрогата е пронајден во морските води. Крајната дестонација на дрогата требало да биде италијанскиот нарко пазар, пренесува тиранската телвизија Топ чанел.
Се уште не е позната судбината на лицата кои требало да ја транспортираат дрогата.
Во подножјето на планината Краста кај Круја, полицијата отркила шест вреќи во кои имало вкупно 166 килограми марихуана, подготвени за транспорт.
Претходно, во периферијата на Тирана, во штала откриени се и запленети 207 килограми од ова наркотично растение и уапсено е едно лице. Во две одделни акции, пак, во Грамш и Фиер, запленети се околу 60 килограми марихуана.
На граничниот премин Капштица, кај Корча при контрола на возило марка Ланд Ровер во пределот кај шасијата пронајдени се 2,25 килограми хероин.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228