Албанската опозиција и Таравари заедно кај Курти
Вчера вечерта топ тема на социјалните мрежи беше информацијата за заедничката средба на албанската опозиција и лидерот на Алијанса Таравари заедно со косовскиот премиер Курти во Приштина. Дел од медиумите кои известуваат на албански јазик пишуваат дека соработката на Таравари со опозицијата била веќе договорена иако факт е дека неговата партија официјално нема донесено таква одлука.
Она што може да се добие како информација од вчерашната средба е дека Меџити, Касами и Гаши на Курти му го презентирале својот претседателски кандидат и барале мислење од него.
Лансирањето на свој претседателски кандидат од страна на опозицијата веројатно ќе го принуди и ДУИ да излезе со свој предлог што ќе го остави кандидатот на СДСМ сам против оној на опозициската ВМРО-ДПМНЕ барем во првиот круг од изборите.
Вчера во Косово беше и Ахмети кој имаше интервју за косовска телевизија. Тој рече дека партијата на косовскиот премиер Курти треба јасно да каже дали се меша во изборите во Македонија порачувајќи дека ДУИ е победник на идните избори уште пред тие да почнат и дека секоја нова партија во албанскиот блок одела на штета на албанските граѓаните.
Ново на Сител
-

ЦУК: Попладнево зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари поради многу висок FWI
-

Гори ниска вегетација, дрва и пченка во Горно Лисиче и депонијата на излезот од Крива Паланка
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
