-->
-->
Албанката од Косово ќе пее на финалето на Лигата на шампионите: Дуа Липа ќе пее во Киев пред дуелот Реал - Ливерпул
-->
Популарната британска пејачка Дуа Липа ќе настапи на 26 мај на стадионот во Киев пред почетокот на финалниот натпревар од Лига на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.
- Почестена сум што ме повикаа, тоа е можност што се добива еднаш во животот. Среќна сум што ќе бидам дел од тој спектакл, планирам да направам неверојатно шоу, изјави 22-годишната пејачка.
Дуа Липа е родена во Лондон и има албанско потекло, а нејзиното семејство во 90-тите години се преселило од Косово.
Изминативе години меѓу познатите музички имиња кои настапија на финалето на Лигата на шампионите се групата Блек ај пис и пејачката Алиша Кис.
УЕФА вчера соопшти дека финалето ќе го суди српскиот арбитер Милорад Мажиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции