Албанија го губи првото место во Европа по зголемување на туристичките ноќевања

Албанија, оваа година, го изгуби првото место во Европа по зголемување на туристичките ноќевања, рангирајќи се на третото место, по Ирска и Малта.
„По три години двоцифрен раст и рекордни резултати на европско ниво, Албанија оваа година забележа поумерено темпо на раст кај ноќевањата. Според податоците на Евростат, во текот на првите шест месеци од годината, ноќевањата во Албанија се зголемиле за 9,1 отсто во споредба со истиот период во 2025 година. Зголемувањето изнесувало 10,2 отсто за домашните туристи и 8,7 отсто за странските туристи, објавија медиумите.
Вкупно, во периодот јануари-јуни, Албанија регистрирала 3,38 милиони туристички ноќевања, од кои 2,45 милиони биле странски туристи. Во вториот квартал, ноќевањата на странските туристи во оваа земја се зголемиле за 8,5 отсто.
На врвот на европската ранг-листа за раст на ноќевањата оваа година е Ирска со 15 отсто зголемување, по неа следува Малта со 10 отсто, додека Албанија е на третото место со 9,1 отсто.
Во Европската Унија, растот на ноќевањата во текот на првата половина од годината изнесуваше само 1,7 отсто. Во апсолутни бројки, најголем број туристички ноќевања е забележан во Шпанија, Италија и Франција.
МИА
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
