-->
-->
Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-->

Албанските власти денеска го екстрадираа за Австрија македонскиот државјанин Монди Гитлан осуден на пет години затвор за трговија со дрога.
- Како резултат на координацијата на оперативните дејствија меѓу специјалистите од Дирекцијата на Интерпол Тирана и нивните колеги во Австрија, финализирана е постапката за екстрадиција од Албанија во Австрија лицето Монди Гитлан, 29 години, жител на село Велешта, Струга, Северна Македонија, објавија медиумите.
Тој бил баран со меѓународна потерница бидејќи судот во Виена во мај годинава го осудил на пет години затвор за трговија со дрога.
Дваесет и деветгодишниот Гитлан беше уапсен во почетокот на минатиот месец на граничниот премин Ќафасан на албанско-македонската граница при излез од Албанија.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
