Албанија да ја зајакне заштитата на правата на националните малцинства, вклучувајќи го и македонското, смета Советот на Европа

Албанија признава девет национални малцинства ароманско, бошњачко, бугарско, египќанско, грчко, црногорско, македонско, ромско и српско. Во четвртото мислење за Албанија, Советодавниот комитет на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства (РКНМ) ја повикува Тирана да обезбеди Законот за заштита на националните малцинства да може ефикасно да се спроведе со донесување дополнителна легислатива, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Во извештајот на Комитетот е опфатена и положбата на македонското национално малцинство во Албанија, за кое, како што стои во извештајот е обезбедена настава на мајчиниот јазик само во шест училиштата во областа на Корча. Од друга страна, инцијативата за создавање на паралелки за настава на Македонски јазик во Требишта, беше попречени од страна на регионалните дирекции за образование, наведуваат експертите на Советот на Европа.
На македонски јазик во Албанија се емитуваат програми на радиото и телевизијата, но претставниците на малцинствата сметаат дека тие се ретки и не се доволни.
Советодавниот комитет жали што не се обрнало внимание на влијанието на административното преструктуирање на општините од 373 на 61, за процентот на населението во областите каде што лицата што припаѓаат на националните малцинства претставуваат важен, често мнозински дел од населението, иако малцински. Само во три општини, меѓу кои и општината Пустец во областа Корча каде мнозинското население е македонско, се со мнозинско население составено од националното малцинство, во случајов македонското.
Комитетот забележува дека само во три општини во Албанија, од кои едната е Пустец со македонско население се надминува бројката од 20 проценти на населението за да може да се користи мајчиниот јазик во јавните органи. Но, надвор од оваа општина македонското малцинство не може да ги користи погодностите на законот од 2017 година.
Ромите и Египќаните и натаму се жртви на нееднаквост и дискриминација, особено на локално ниво. Треба да се направат дополнителни напори за подобрување на нивните услови за живеење и пристап до вработувањето, образованието и здравствената заштита и да се промовира нивната интеграција во општеството. Дополнително, треба да се доделат соодветни средства за имплементација на Националниот акционен план за интеграција на Ромите и Египќаните за периодот 2016-2020 година.
Мислењето, исто така, ја нагласува потребата да се обезбеди бројно помалите национални малцинства да имаат пристап до образование на јазиците на малцинствата и да се обезбеди достапност на доволен број учебници.
Други препораки вклучуваат распределба на средства за инфраструктурни проекти што се однесуваат на националните малцинства; заштитата на жените и децата што припаѓаат на ранливите заедници против експлоатација и злоупотреба и нивниот пристап до правна помош и правда; развој на јавна радиодифузија на јазиците на малцинствата; делегацијата во Советите на Заедницата да има овластување да одлучува за употребата на јазиците на малцинствата во односите со административните власти и за топографски индикации; усвојување на правила и процедури за основање и функционирање на Комитетот за национални малцинства и ревизија на Законот за национални малцинства со цел воспоставување на консултативни механизми на локално ниво.
Ново на Сител
-

Колкави плати земаат функционерите?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
-

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование
-

Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
