Актерот Бен Афлек освои милион долари во квизот „Кој сака да биде милионер“ - ги донираше на локалните заедници во Конго

Актерот Бен Афлек, во придружба на шампионот од квизот „Ризик“ („Џепарди“), Џејми Динг, освои милион долари на квизот „Кој сака да биде милионер“, по што добивката ја донираше на хуманитарната организација „Истерн Конго инишатив“ (Eastern Congo Initiative).
Организацијата, основана во 2010 година од Афлек, има за цел да им пружи помош на локалните заедници во Демократска Република Конго.
Победата на Афлек доаѓа една година по триумфот на неговиот најдобар пријател Мет Дејмон, кој исто така освои милион долари на квизот, а средствата ги донираше на својата хуманитарна организација „Вотер“
Тој не можеше да го скрие воодушевувањето по освојувањето на главната награда.
-Во моментов во Конго се соочуваат со криза предизвикана од еболата. Овие средства се наменети за ублажување на последиците и за спречување на ширењето на еболата, рече Афлек. Според него, Динг бил силен противник.
Џејми Динг постигна историски успех во квизот „Ризик“, со 31 последователна победа, со што се најде на петтото место на листата на најуспешни натпреварувачи. Првото место на листата и понатаму му припаѓа на сегашниот водител на „Ризик“, Кен Џенингс, со 74 последователни победи.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Масовни протести се одржаа во голем број германски градови против планираните намалувања на владините трошоци
-

Над 741 илјади туристи ја посетиле државата за седум месеци, најмногу од Турција, Германија и Србија
-

Девет лица уапсени под сомнение за воени злосторства на север во Косово
-

OpenAI ја прекинува работата на најнапредните модели на вештачка интелигенција поради безбедносен пропуст
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, температура од 6 до 23 Целзиусови степени
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
