Ако ве касне куче скитник - ви следува отштета!
Град Скопје и “Комунална хигиена“ исплаќаат отштета на граѓани што биле каснати од улични кучиња и кои потоа тужеле на суд и добиле надомест на штета. Како што известуваат градските власти, на годишно ниво има по десетина тужби од граѓани поради напади од бездомни кучиња.
Просечно во Скопје секој ден се уловуваат од 120 до 170 кучиња скитници, а дел од нив повторно се враќаат на улица. Кучињата кои што и по две недели нема кој да ги вдоми, се враќаат на местото од каде што се уловени. Во 2015 година биле вдомени 175 кучиња.
Од ЈП “Комунална хигиена“ велат дека откако граѓанин ќе пријави кај нив дека е каснат од куче скитник, службите веднаш излегуваат на терен за да го најдат кучето и да проверат дали има беснило.
За каснувањето, граѓанинот може да бара отштета која јавното претпријатие и градот Скопје солидарно ја делат.
Доколку случајот дојде на суд, практиката покажува дека граѓанинот за претрпени физички болки може да добие отштета од 35.000 денари, за претрпен страв 30.000 денари, за претрпени душевни болки поради намалена животна активност износ од 20.000 денари и за нагрденост износ од 5.000 денари или вкупен износ од 90.000 денари.
Ново на Сител
-
Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор
-
Израел го отвори воздушниот простор по американските напади врз Иран
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле