Ако Манчестер Сити не се квалификува во Лигата на шампионите, тогаш не сме заслужиле, вели Гвардиола
Ако не се квалификуваме за Лигата на шампионите, тогаш не ја заслужуваме, рече менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кога беше прашан за можноста поранешниот англиски шампион да не се квалификува за најсилниот турнир.
Сити има преостанати натпревари против Борнмут во вторник дома и гостување против Фулам во недела во Лондон.
- Ако не се квалификуваме, ќе играме во Лигата на Европа, тоа е тоа. Но, сепак мислам дека ќе се квалификуваме. Потребни ни се две победи или четири бода за да обезбедиме место. Мојата цел е да завршиме трети на табелата. Апсолутно сум смирен, рече шпанскиот стручњак.
Манчестер Сити ја освои титулата шест пати во последните седум години, но оваа сезона го загубија моментумот, особено по катастрофалниот ноември за тимот. Тешката повреда на освојувачот на „Златната топка“ Родри во септември, исто така, ги влоши проблемите за „сините“.
- Некои играчи се веќе подобри. Родри се подобрува секој ден, ќе видиме, рече Гвардиола.
Менаџерот одби да открие колку време за игра ќе му даде на Белгиецот Кевин Де Бруин за неговиот последен натпревар на „Етихад“ утре.
- Она што Кевин го сака е да го добиеме натпреварот и да се квалификуваме за Лигата на шампионите следната сезона. Не може да биде поинаку, рече тој.
Ново на Сител
-
ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола
-
Полицајци од СВР Тетово спречија девојка да си го одземе животот, приведено едно лице поради сомнение за посредување на проституција
-
Гори на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце
-
Европол: Уапсен клучен актер кој стои зад рускојазична платформа за сајбер-криминал во Украина
-
Синер повторно го ангажираше Ферара
-
Во Гевгелија измерени 42 степена, а 40 во Скопје, освежување од недела
-
ССНМ бара препораките за топлото време да важат и за новинарите и да не се организираат настани на отворено
-
Со македонски пасош без виза може да се патува во 130 држави