Акција за собирање електронски и електричен отпад

Еко-акција за собирање електронски и електричен отпад, која ќе се одржува секоја наредна сабота во различна урбана заедница, почнува од денеска општина Аеродром во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“.
Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.
Општина Аеродром ги повикува граѓаните од 10 до 12 часот во урбаната заедница „Стар Аеродром“ да ги пријават или донесат старите електрични и електронски апарати од домаќинствата кои не им се потребни.
Ново на Сител
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
