Акција за отстранување на хаварисани возила од тротоари и паркинзи низ Полог
Локалните самоуправи во соработка со СВР Тетово, започна со активности за отстранување на стари харарисани возила, оставени на јавни сообраќајни површини во Тетово и Гостивар и со тоа да се обезбеди непречено и безбедно движење на пешаците и другите учесници во сообраќајот.
Според Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово, во првата фаза од овие активности, на сите вакви возила се поставуваат писмени известувања на кои се наведува дека сопствениците на возилата во рок од три дена треба да ги отстранат.
– Доколку не постапат според наведеното во известувањата, согласно член 63 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилата ќе бидат подигнати од општинските „пајак-служби“ и ќе се транспортираат на соодветни локации. По ова, нивните сопственици за тоа ќе треба да платат определен причен надоместок и ќе им биде изготвен мандатен платен налог со глоба од 45 евра во денарска противвредност, вели Јосифоски.
Целта на овие активности е да се обезбеди непречено и безбедно движење на пешаците и другите учесници во сообраќајот во Тетово и Гостивар, посебно во близина на училишта и други јавни објекти.
Ново на Сител
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор