Акција за миење и дезинфекција на сите контејнери во Град Скопје
ЈП „Комунална хигиена“ започна акција за миење и дезинфекција на сите садови наменети за одлагање на отпадот поставени на територијата на градот Скопје.
Од јавното комунално претпријатие информираат дека активностите се реализираат со специјални комунални возила со вап-надградба за миење под притисок., со тоа што нивните екипи спроведуваат и комплетно миење на џебовите на микролокациите каде што се поставени садовите. Воедно, сите контејнери и микролокации се дезинфицираат со употреба на специјално средство за дезинфекција.
Овие активности започнаа и во општините Карпош и Ѓорче Петров, а ќе продолжат да се одвиваат во сите останати скопски општини во текот на престојните десетина дена. Освен тоа, се реализира и машинско миење на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини со автоцистерни според стандардната динамика, утврдена со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје.
-Машинското миење се одвива во доцните ноќни часови, кога фреквенцијата на возила и пешаци на улиците е значително намалена, со цел да не се попречува одвивањето на сообраќајот, односно движењето на пешаците, посочуваат од јавното комунално претпријатие.
Ново на Сител
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
-

34 години од усвојувањето на македонското знаме и химната на Македонија
