Акција „Ден без автомобили“ во Гостивар
Гостиварската локална самоуправа најави дека на 11 февруари ќе организира акција „Ден без автомобили“ низ централното градско подрачје, чија цел ќе биде подигање на свеста на граѓаните за намалување на загадувањето на воздухот. Иницијативата ја покрена градоначалникот Арбен Таравари, а ќе се спроведува со полициската станица и невладини организации.
Според службата за информирање на општина Гостивар, во понеделник, за сообраќај со возила ќе бидат забранети улиците „ЈНА“ (дебарска), од центарот до пресекот со булеварот „Браќа Ѓиноски“, „Илинденска“, од центарот до раскрсницата со булеварот „Гоце Делчев“ и „Мајор Чеде Филипоски“, од „Витамин Ага“ до раскрсницата со „Борче Јованоски“.
Сообраќајот, при реализацијата на оваа активност, ќе го обезбедуваат и регулираат полициски слжубеници.
Општинската власт побрааа од граѓаните да покажат разбирање и упатија апел за нивно вклучување во оваа сензибилизирачка активност со тоа што нема да ги користат моторните возила без поголема потреба, овој ден и воопшто.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ