-->
-->
Акции со садење дрвја во Ново Лисиче
-->
Општина Аеродром и „Ротаракт клуб“ − Скопје викендов спроведоа акција со садење дрвја во паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче. Станува збор за неколку вида садници: јасен, јавор и платан. Во акцијата се вклучија и дел од членовите на Советот на Општина Аеродром.
Исто така, ЈП „Паркови и зеленило“ во рамките на есенските активности ги разубави булеварите „Србија“, „Јане Сандански„ и „АСНОМ“, како и парковите засадувајќи висококвалитетни дрвја.
Во наредниот период со вакви активности ќе се вклучи и Општина Аеродром со цел зголемување на зеленилото во Општината, што ќе придонесе за почиста и поздрава животна средина за сите граѓани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024