Ајкула уби 16-годишно момче на Јамајка

Ајкула нападна и уби 16-годишен средношколец на Јамајка. Безживотното тело е пронајдено во водите северно од островот, соопштија тамошните власти
Тинејџерот Јахмари Рид живеел во Трелани, источно од популарниот туристички град Монтего Беј. Момчето, според наводите, отишло само на риболов рано наутро во понеделникот, а рибарите го пронашле неговото тело следниот ден со повреди што укажуваат на напад од ајкула, се вели во извештајот на полицијата.
Од 1749 година, во Јамајка се пријавени само три напади на ајкула, според Меѓународната датотека за напади од ајкули, уредувана од Музејот за природна историја на Флорида и Американското здружение „Еласмобранч“.
Лани имало вкупно 69 (потврдени и неиспровоцирани) напади од ајкула ширум светот и 14 смртни случаи, се вели во извештајот. Во јули, сурфер ја загуби ногата по напад крај брегот на Австралија. Само еден месец претходно, сурферката Тамајо Пери почина по напад на ајкула кај островот Оаху, Хаваи. Во јануари, и млад рибар кој нуркал кај пацифичкиот брег на Мексико бил убиен од ајкула.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
