АИ ги обвинува Грција и ЕУ за бегалците

Организацијата за заштита на човековите права Амнести интернешнл ги обвини Грција и Европската унија за пасивност и недостиг на политичка волја за решавање на бегалската криза, пишува весникот „Катимерини“.
- Додека лидерите на ЕУ и Грција се пасивни или седат затворени на состаноци на кои се делат совети без ефект, десетици лица ги губат животите секој ден во Егејското Море, се вели во соопштението на АИ.
Организацијата предупреди дека зајакнатите мерки за безбедност на копнената граница меѓу Грција и Турција и изградената ограда од бодликава жица во 2011 година, долга 12,5 километри ги принудила бегалците и мигранти да ја избираат поопасната маршрута преку морската граница на двете земји.
- Колку удавени бегалци и колку мртви деца се потребни за да бидат активирани европските вредности, прашува АИ.
- Инцидентите не се природен феномен и многу човечки животи можат да бидат спасени, доколку има политичка волја, нагласи директорот на грчкиот клон на АИ, Јоргос Козмопулос.
Податоците на АИ покажуваат дека во првите десет месеци од 2015 година над 454 бегалци и мигранти загинале или се водат како исчезнати во инциденти во Егејското Море. Само во периодот од 28 до 30 октомври 86 лица, меѓу нив и деца загинале или се водат како исчезнати во седум инциденти покрај бреговите на островите Лезбос, Самос, Калимнос и Родос.
АИ констатирала и постоење на мошне лоши услови при приемот на бегалци на островот Лезбос, а исто така и на другите грчки острови, како и во континенталниот дел на земјата.
Организацијата повика за поголема солидарност на Европа кон Грција, како и за координирани активности за спасување на бегалците.
Ново на Сител
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Основците по неколку часа на ден гледаат содржини на телефон, до осмо одделение речиси престануваат да читаат книги
-

„Онкологија“: Вештакот од Србија укажува на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите
-

Случај „Ивана и Катја“: Стојанче барал 30.000 евра за да се повлече од станот, сведочеше братот на Ивана
-

Иран погуби младо момче кое учествувало во антивладините протести
-

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
