АХВ потврди дека погодна локација за еутаназирање на 9 000 свињи е во атарот на карбинското село Таринци
Свињите од фармата во село Таринци, Општина Карбинци, каде на 25 овој месец беше потврдено присуство на болеста африканска чума кај свињите ќе се закопуваат во јама во атарот на село Таринци, се вели во писменото соопштение од Агенцијата за храна и ветеринарство. Додаваат дека иако Општина Карбинци, како погодни локации, согласно оценката на Државниот инспекторат за животна средина ја прифатила и локацијата во атарот на селото Горни Трогерци.
-Еутаназијата на животните ќе се спроведе во најкус можен рок со претходно обезбедување на сите потребни услови за безбедна еутаназија на животните и соодветно нештетно отстранување на мршите, се вели во писменото соопштение од АХВ.
Во една од најголемите фарми во регионот кај девет свињи се утврди болеста африканска чума, но поради заштита и да не се шири вирусот треба да се еутанизираат околу 9.000 свињи, кои се одгледувале во оваа фарма.
Ново на Сител
-

Марш за Скопје без бариери
-

Угостителите на удар од инспекторите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
