АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го осудува обидот на в.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, за, како што велат, „оцрнување на стручноста и професионалноста на АХВ и нејзините вработени инспектори, преку социјалните мрежи глумејќи инспектор во угостителски објекти, за кои тврди дека се дивоградби“ и порачува дека не издаваат никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираат работата на операторите со храна.
Нагласуваат дека АХВ е стручна институција, а вработените професионално ја вршат својата работа и додаваат дека инспекциските контроли се спроведуваат согласно Годишниот план за инспекциски надзори и по поднесени претставки и иницијативи за вонредни инспекциски надзори.
-Професионално, АХВ не навлегува во ингеренциите на други иституиции, но, за наводите на в.д. градоначалникот во однос на работењето на АХВ, само го информираме дека Агенцијата не издава никакви HACCP дозволи како што тврди тој во јавноста, туку ја контролира работата на операторите со храна, само и исклучиво од аспект на исполнетост на општите и посебните услови за безбедност согласно законските и подзаконските акти кои ја уредуваат оваа материја, регистрирајќи ги како оператори со храна во регистарот на институцијата, велат од АХВ.
Токму според овие прописи, додаваат, в.д. градоначалникот не е овластено лице и не смее да врши контрола кај операторите со храна која се подготвува во угостителските објекти кои тој „ги контролира“ и која може да ја контаминира, влегувајќи во кујните без заштитна облека и поседување на санитарна книшка за потврдување на неговиот личен здравствен статус.
-Во ниту едни прописи, ниту во националните, ниту во европските, не е дефинирано дали и какви фуги треба да има на плочките во кујните, а вработените лица во двете засебни кујни може да користат посебен санитарен јазол, што, како што беше јасно од видеото дека од угостителот е обезбедено, како засебно од она наменето за гостите, посочуваат од АХВ.
Ново на Сител
-
Од понеделник на над 6 илјади службени возила ќе им се ставаат црвени регистрации
-
Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов
-
Му пишале казна бидејќи фрлил ѓубре до контејнер, а контејнерот бил преполн со смет
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот