Агенцијата за пошти објави конкурс за пишување писмо

Агенцијата за пошти на Република Македонија распиша конкурс за пишување писмо на тема „Напиши писмо до самиот себе на 45-годишна возраст“.
Овој наслов е избран да ја одбележи 45-тата годишнина од интернационалниот натпревар. Децата насекаде низ светот се охрабрени да ја поттикнат својата имагинација и да напишат писмо до самите себеси.
Конкурсот е наменет за деца од 9 до 15-годишна возраст и ќе биде отворен до 15 април годинава. Текстовите треба се напишани со своерачен ракопис, на македонски и албански јазик, и во форма на писмо да се испратат на адресата - Агенција за пошти, п. фах 160, 1.000 Скопје. Писмата не треба да содржат повеќе од 800 зборови.
На предлог на посебна жири-комисија, Агенцијата ќе додели три награди за најдобрите три писма. Авторот на најдоброто писмо ќе биде награден со летување и ќе ја има привилегијата да учествува на Меѓународниот конкурс за пишување писмо, организиран од Светскиот поштенски сојуз.
Минатата година Агенцијата за пошти првпат беше организатор на национално ниво на Меѓународниот конкурс за пишување писма за млади луѓе (ILWC-International letter writing competition), креиран од Светскиот поштенски сојуз (UPU- Universal postal union).
Светскиот поштенски сојуз секоја година организира Меѓународен конкурс за пишување писмо за млади луѓе. Првиот конкурс бил создаден во 1969 година на Конгресот во Токио, а официјално почнал да се објавува од 1971 година. Оттогаш милиони млади луѓе од целиот свет од девет до 15-годишна возраст учествуваат на овој конкурс, на национално и на меѓународно ниво. Земјите учеснички го организираат конкурсот на национално ниво преку пошта, со масовна поддршка од образовните институции и медиумите.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Со маркетите се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти
-

Атлетико сака да ја тужи Барселона поради Алварез
-

Џереми Кларксон за животот по пребродувањето на ракот: Сега пешачам повеќе и јадам вегетаријанска храна
-

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева
-

СП 2026: Франција убедлива против Ирак
-

Нестабилно попладне со дожд, грмежи, силен ветер и можен град
-

Л’Екип му се извини на Доку поради коментарот на својата водителка
-

СП 2026: Халанд двоен стрелец во триумфот на Норвешка над Сенегал
