-->
-->
Африканецот Диабате ново засилување за МЗТ Скопје Аеродром
-->
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, Сулејман Диабате (29 год., 188 см.) од денеска е нов член на МЗТ Скопје Аеродром, откако попладнево и официјално потпиша договор со нашиот клуб.
Африканецот игра на плејмејкерската позиција, која во моментов е убедливо „најтенка“ во сино-белиот состав, пред сѐ поради повредата на Шарлон Клоф чие враќање на теренот во моментов не може да биде прецизирано.
Диабате доаѓа на едномесечен пробен период како пополнување на дупката во ростерот, со можност да остане до крајот на сезоната ако со своите игри ги задоволи вкусовите на стручниот штаб.
Државјанинот на Брегот на Слоновата коска во таборот на МЗТ Скопје Аеродром доаѓа од редовите на НБА екипата Њујорк никс, за која настапуваше во Летната лига. Минатата сезона беше дел од францускиот тим Руен, а има играно уште и за Дижон, Роан, Нанси и Гравелин. Зад себе има забележителен настап на Афробаскетот во Тунис минатата година, на кој просечно реализираше 18,4 поени.
Диабате вечерва ќе го има првиот тренинг со новите клупски колеги, а неговото деби во дресот на аеродромци ќе се случи задутре, кога во „Јане Сандански“ ќе гостува Унион Олимпија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал