АЕК бара нов термин за реваншот со Алкалоид
Барање, не само наше, туку и на сите оние кои навистина сакаат натпреварите да се одлучуваат на терен со услови на праведност и еднаквост, е да се презакаже второто финале и да се почитуваат прописите на Европската федерација, кои Алкалоид ги прекрши, а не АЕК, соопштија претпладнево од атинскиот клуб, јави дописничката на МИА од Атина.
Од АЕК тврдат дека уште од првиот момент „водат огромна битка за да се одбранат, не само честа и достоинството на клубот и навивачите, туку и на грчкиот ракомет и земјата“, додаваат дека се борат и „за многу сериозни прашања, како што е реакција на провокацијата да не им се дозволи на грчките граѓани легално да ја преминат границата кон друга европска земја“.
– Кој навистина може да ја оправда и награди „блокадата“ на границата и своеволната забрана за легален влез на кој било број грчки граѓани без да постојат ограничувања, со оглед на тоа што немаше никаква директива за забрана на движење, индивидуално или организирано? Зошто не беше почитувана одредбата „90-10“ на Европската федерација? И од моментот кога од наводни „безбедносни причини“, на навивачите на АЕК им беа дадени 200 билети, зошто тогаш не беа 1.800 картите за навивачите на Алкалоид, а видовме полна сала со повеќе од 6.000 Скопјани?, коментираат од АЕК.
Паралелно го поздравуваат и писмото од Ракометната федерација на Грција испратено вчера до ЕХФ.
– Луѓето од Грчката федерација беа присутни и видоа и разбраа сè. Присутни на сè беа и одговорните лица од Европската федерација, кои добро знаат што се случи на безбедносниот состанок што беше свикан, што беше договорено и кој го почитуваше, а кој не ги почитуваше договореното. Се надеваме дека ќе бидат на висина на задачата и со нивната одлука ќе докажат дека сакаат за сите натпревари да се одлучува на терените, согласно воспоставените прописи, пишува во соопштението од АЕК.
Вториот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК требаше да се одигра во неделата во Скопје, но не се одржа откако играчите на гостинскиот тим одбија да излезат на терен.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал