Администрацијата на Трамп незаконски го запрела финансирањето на Харвард

Федерален судија во САД вчера донесе одлука дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп незаконски ги замрзнала грантовите во износ од околу 2,2 милијарди долари наменети за универзитетот Харвард и дека повеќе не смее да го прекинува финансирањето на истражувањата на престижната институција од Бршленовата лига.
Судската одлука на судијката Алисон Бароус во Бостон претставува голема правна победа за Харвард, кој во моментов се обидува да постигне договор што би можел да стави крај на конфликтот меѓу Белата куќа и најстариот и најбогат универзитет во земјата.
Институцијата со седиште во Кембриџ, Масачусетс, стана централен фокус на кампањата на администрацијата да го користи федералното финансирање за наметнување промени во американските универзитети, кои, според Трамп, се под влијание на антисемитски и „радикално левичарски“ идеологии.
Уште три универзитети од Бршленовата лига веќе постигнаа договори со властите, меѓу нив и Колумбискиот универзитет, кој во јули се согласи да плати 220 милиони долари за повторно да добие федерално финансирање за научни истражувања. Финансирањето претходно беше суспендирано поради обвиненија дека универзитетот дозволил антисемитизмот да се шири на кампусот.
Слично на случајот со Колумбија, администрацијата на Трамп презеде мерки и против Харвард, поврзани со пропалестинското протестно движење кое го зафати кампусот и други универзитети по нападот на „Хамас“ врз Израел на 7 октомври 2023 година и израелската војна во Газа.
МИА
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
