АДКОМ: ЈКП да влезат во владиниот пакет за субвенционирана електрична енергија
– АДКОМ, Здружение на даватели на комунални услуги во кое членуваат повеќе од 90 jавни комунални претпријатија, соопшти дека е непријатно изненадено и разочарано од одлуката на Владата со која ЈКП не влегоа во пакетот за субвенционирана електрична енергија.
– ЈКП очекуваа Владата да ги исполни своите најави дека, во интерес на граѓаните и тие ќе влезат во овој пакет мерки. АДКОМ веќе излезе со последно предупредување и барање, Владата да им помогне да ја надминат енергетската криза. Сега останува најнепосакуваното решение – повисоки сметки за вода и комунални услуги со што ќе се удри по џебот на граѓаните. Од ЈКП уште еднаш предупредуваат дека постои опасност над милион граѓани да останат без вода за пиење, а 15 илјади вработени без работа, се наведува во соопштението.
АДКОМ, како што се посочува, бара Владата да докаже дека има слух за интересите на граѓаните и да излезе во пресрет на барањата на Јавните комунални претпријатија.
Ново на Сител
-
Пендаровски: Нема да им биде дозволен влез на 4 февруари на лицата со лоши намери кон нас
-
Николоски: Не можам да го препознаам Таравари
-
Терористички напад во Ерусалим | ВИДЕО
-
Ивановски се бори за нов трофеј во Тунис
-
АО: Финале Ѓоковиќ - Циципас
-
НБА: Леброн и Јанис ги одбраа петорките за Ол-стар викендот
-
АА формира тим за преговори за влез во Влада
-
Телефонски разговор на Ковачевски со бугарскиот премиер