-->
-->
Абазовиќ со порака до Србија и Косово: Обидете се со помирување, тоа е единственото решение
-->
Црногорскиот премиер, Дритан Абазовиќ, убиството на косовскиот полицаец Африм Буњаку го оценува како трагедија и додава дека „без разлика колку е сериозна ситуацијата, единственото решение е помирувањето", јави Топ чанел.
Тој позитивно ја оценува самовоздржаноста на партиите, додавајќи дека „ситуацијата во неделата можела да оди на полошо“.
-Трагедија и продолжување на една катастрофална балканска политика... Сметаме дека политиката од 1990-тите мора да заврши. Значи, народите во овие земји се обидоа сè освен помирување, затоа мојот апел е и во однос на српскиот народ и во однос на албанскиот народ, конечно обидете се еднаш со помирување. Се пробавте, обидете се да се согласите, верувам дека ќе ви се допадне на сите, рекол тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Татјана Димитровска ја поднесе оставката до Собрание
-
Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини - спречен влез на мигранти
-
Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во реката Вардар
-
Пожарот на планината Плачковица се гаси од воздух
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци, 51 санкционирани возачи на мотоцикли
-
Приведени возачи од Битола и ресенско, возеле со 1,87 и 1,86 промили алкохол во организмот
-
Без активно жариште пожарот на Кипар
-
Активни седум пожари - гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, стрништа