-->
-->
АБА: МЗТ Скопје загуби од Игокеа
-->
Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје претрпеа нов пораз откако попладнево на гостувањето во Лакташи загубија од Игокеа со 79:72. Резултат по четвртини: 20:16, 12:13, 23:21 и 24:22.
Ова за македонскиот пораз е осми пораз сезонава во АБА лигата. Домаќинот Игокеа во поголемиот дел од натпреварот имаше водство, а само во неколку наварти избраниците на тренерот на МЗТ Скопје Анте Назор беа резултатски равноправни. Во последната четвртина Игокеа постојано беше во водство.
Најефикасен на дуелот беше Џејмс Робинсон од Игокеа со 17 поени, додека кај МЗТ Скопје најпрецизен беше Ѓорѓе Дреновац истотака со 17.
Резултати на натпреварите од 11.коло: Морнар – Крка 86:73, Партизан – Мега 86:79, Карпош Соколи – Цедевита 89:81. Денеска играат уште: ФМП – Будуќност, Цибона – Задар, додека дуелот Олимпија – Црвена Звезда се игра во понеделник.
Табела: Црвена Звезда 10-0 (победи-порази), Будуќност 9-1, Партизан 8-3, Цедевита 7-4, Цибона 6-4, Игокеа 6-5, Мега 4-7, Крка 5-5, Морнар 3-8, Задар 4-6, ФМП 3-7, МЗТ Скопје А. 3-8, Карпош Соколи 2-9, Олимпија 3-6.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци