-->
-->
АБА Лига: Металците немаа сили за подвиг против Будуќност
-->
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје го претрпе и осмиот по ред пораз во АБА-лигата и тоа од тимот на Будуќност со 86-90.
Домаќинот настапи ослабен и тоа се почувствува на стартот на средбата кога гостите набрзина дојдоа до предност од огромни плус 14 (18-4), МЗТ со серија 9-2 се врати до игра но само за кратко бидејќи следуваше нова серија на Црногорците од 21-6, а набрзо потоа дојдоа до највисоките на мечот плус 19 (59-40). И кога сите очекуваа лесен пораз на металците следуваше нова серија на МЗТ и израмнување на резултатот на 76-7-6.
. Македонскиот тим беше подобар речиси во сите статистички категории, со оглед што шутираше (49%-47%), скокаше (30-28) и асистираше 917-11) подобро од противникот, а ги погоди сите 18 удари од линијата за слободни фрлања, но немаше среќа да се израдува на третата победа.
Абдул-Малик Аби одигра одличен меч со 19 поени и 11 скока, а веднаш зад него беа Војдан Стојановски со 20 и Дастин Вер со 16 поени. Трае Бел-Хајнс со 22 поени беше најпрецизен кај гостите од Подгорица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o