-->
-->
АБА: Карпош Соколи гостува кај Задар
-->

Првиот натпревар од 12.коло од АБА лигата се игра попладнево во Задар. Македонскиот претставник Карпош Соколи гостува кај истоимената домашна екипа. Карпош Соколи по триумфот во претходното коло против финалистот Цедевита посакува да „врзе“ уште една победа и да направи скок на табелата во ова натпреварување. Во редовите на екипата од Скопје, ново име е американскиот плејмејкер Џејшон Пејџ. Почетокот на натпреварот е во 18 часот.
Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродорм во оваа рунда во недела го пречекува тимот на Будуќност.
Двојки на другите дуели од 12.коло: Игокеа – Морнар, Крка – Партизан, Цедевита – Олимпија (сабота), Мега – Цибона (недела) и Црвена Звезда – ФМП (понеделник).
Табела: Црвена Звезда 11-0 (победи-порази), Будуќност 10-1, Партизан 8-3, Цедевита 7-4, Цибона 7-4, Игокеа 6-5, Мега Лекс 4-7, Крка 5-5, Задар 4-7, Морнар 3-8, ФМП 3-8, МЗТ Скопје А. 3-8, Олимпија 3-7, Карпош Соколи 2-9.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
