-->
-->
АБА: Карпош Соколи едно полувреме пружи отпор на Црвена Звезда
-->
Кошаркарите на Црвена Звезда ја продолжија победничката серија откако синоќа на домашен терен го победија Карпош Соколи со 91:70. Резултат по четвртини: 16:18;22:20; 24:16 и 29:16. Екипата од Скопје беше равноправен ривал во првиот дел, кој заврши нерешено 38:38, а имаше и водство во поголемиот дел од првите два периода.
Најефикасни на дуелот беа Марко Симоновиќ и Марко Бјелица од Црвена Звезда со по 21 поен. Во екипата на Карпош Соколи 16 поени постигна Драган Лабовиќ.
Резултати на другите натпревари од 10.коло: МЗТ Скопје – ФМП 89:68, Мега – Морнар 93:87, Задар – Партизан 69:76, Крка – Игокеа 72:88, Будуќност – Олимпија 84:74, Цедевита – Цибона 100:80.
Табела: Црвена Звезда 20 бодови, Будуќност 19, Цедевита 17, Партизан 17, Цибона 16, Игокеа 15, Мега 14, Крка 14, Задар 14, ФМП 13, МЗТ Скопје 13, Олимпија 12, Морнар 12, Карпош Соколи 11.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа