-->
-->
83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-->
Вчера во 13:30 часот, 83-годишен битолчанец пријавил дека бил измамен за 10.000 евра. Според пријавата, непознато лице му се јавило по телефон, се претставило како лекар и тврдело дека неговата внука паднала по скали и има тешки повреди, поради што била потребна итна операција.
Стариот човек ги предал парите на лице што дошло пред неговата врата. Подоцна, кога се слушнал со својот син, сфатил дека станува збор за измама.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Денес посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп тврди дека Иран е целосно поразен
-

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани
-

Работнички протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра
-

Над 100 малолетници загинале во Либан поради војната додека раселувањето нагло расте
-

Во Кочани литургија и општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Најмалку 77 бродови поминале низ Ормускиот Теснец од почетокот на воените дејствија во регионот
-

Облачно со услови за повремен локален дожд
