-->
-->
8-ми триумф на Хамилтон на Хунгароринг
-->
Голема победа на Мерцедес и светскиот првак Хамилтон на денешната трка на Хунгароринг каде се возеше големата награда на Унгарија. Луис Хамилтон имаше уште едно шампионско издание и лесно ја претвори пол-позицијата во нова победа во шампионатот во Формула -1. Доминацијата на Мерцедес ја потврди Валтери Ботас кој го освои третото место додека втор беше Макс Ферстапен од Ред Бул.
Трката почна со грешка на Ботас со преран старт но се извлече без казна. Лош старт имаше и Ферстапен но иако возеше со оштетен болид успеа да дојде до втората позиција. Добар настап имаше неговиот клупски колега Албон кој зад себе ги остави возачите на Ферари.
Ова е 8-ма победа на Хамилтон на Хунгароринг и вкупно 86-та во кариерата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости