-->
-->
8 куршуми и 4.200 евра пронајдени во куќата на монструмот кој уби 10 соседи во Цетиње
-->

При претрес во куќата на Вук Бориловиќ биле пронајдени 4.200 евра и осум куршуми за ловечка пушка соопшти полициската управа на Црна Гора.
Куќата на Бориловиќ, како што е соопштено, е претресена по наредба на надлежниот судија за истрага, пренесува црногорски Вијести.
Полицијата не пронашла камери во куќата на масовниот убиец Вук Бориловиќ, но открила снимка од надзорните камери поставени на неколку згради во близина.
– Со проверка не се пронајдени камери. Од неколку локации полицијата запленила снимка од видео надзор за која се верува дека може да даде информации за споменатиот настан, соопшти Полицијата.
Бориловиќ (34) е убиен откако претходно уби 10 соседи, меѓу кои две деца, а шестмина тешко рани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Два умерени земјотреса регистрирани во северозападна Кина
-

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
-

Повторно пукано врз Конзулатот на САД во Торонто
-

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути
-

Денес сончево со локална облачност
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
