-->
-->
6 години не се појавил на работа, никој не приметил!
-->

Еден Шпанец вработен како државен службеник е казнет со 27.000 евра зашто е откриено дека не одел на работа најмалку шест години.
Одсуството на Хоакин Гарсија од работа е приметено откако добил право да добие награда за долг работен век.
Тој шеесет и девет годишен човек, чија работа била да ги надгледува фабриките за пречистување на отпадните води, неодамна се пензионирал.
Тој ја демантирал тужбата наведувајќи дека е жртва на малтретирање. Судот пресудил во корист на владата и му наредил да плати казна.
Годишната плата на Господинот Гарсија изнесувала 37.000 евра пред пензионирањето, а бил вработен во компанија со која управувала локалната власт во југозападниот град Кадиз.
Неговата казна е еквивалентна со еднагодишната заработка по оданочувањето и тоа е најголемиот износ кој компанијата можела легално да го врати.
На суд се дознало и дека шефот на компанијата во која Гарсија бил вработен не го видел со години иако канцеларијата спроти неговата.
Од компанијата мислеле дека Гарсија е под надзор на локалната власт и обратно.
Заменикот градоначалник го приметил неговото отсуство кога требало да биде награден со плакета за 20 години служба.
Господинот Гарсија вели дека го малтретирале поради политичкиот ангажман на неговото семејство и поради тоа бил префрлен во фабрика за вода.
Луѓето блиски до него изјавиле за шпанскиот весник Ел Мундо дека не сакале да го пријават зошто имал семејство и се плашеле дека на негови години нема да најде друга работа.
Изјавиле дека секој ден одел во канцеларија, иако на не полно работно време, и дека бил посветен на читање филозофска литература.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
