58 санкции за возачи во акциска контрола во Битола

На 28.06.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи и Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување спроведоа акциска контрола на подрачјето на град Битола, со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата изречени се вкупно 58 мерки за сторени сообраќајни прекршоци и кривични дела. Од нив шест мерки кон возачи на електрични тротинети, 25 мерки за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитен шлем (кацига), една мерка за истечена полиса за осигурување, три мерки за несоодветна категорија и 18 мерки за останати сообраќајни прекршоци.
При акциската контрола одземено е едно моторно возило за предизвикување на бучавост по член 344 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Откриени се и четири кривични дела и лишени се од слобода четири лица за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик за управување на мотоцикл без да поседува возачка дозвола. На сите сторители изготвени се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
