52-годишен скопјанец ја претепал партнерката која била во вториот месец од бременоста

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишник осомничен за – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
- Осомничениот, при вршење семејно насилство во домот на улицата “Рајко Жинзифов”, физички ја нападнал својата 32-годишна вонбрачна партнерка која била во вториот месец од бременоста. Во расправија, тој започнал жената да ја удира со тупаници и шлаканици, нанесувајќи и телесни повреди – гребаници, отоци и хематоми на главата и телото, информираат од ЈО.
Оштетената почнала силно да вика и да бара помош со намера да слушнат соседите и да повикаат полиција, но колку посилно викала толку осомничениот станувал поагресивен и посилно ја удирал, а во еден момент со намера да ја замолчи ја притиснал со раце на вратот. Жртвата, за да се спаси и да излезе од домот, го убедила осомничениот да одат на гинеколог за да направат ЕХО преглед и да го видат бебет
Кога со автомобилот тргнале кон матичниот гинеколог и осомничениот застанал на семафорите на булеварот ,,Св. Климент Охридски”, оштетената успеала да избега од возилото и влегла во кафуле за да побара помош. Од човек кој седел во кафулето позајмила мобилен телефон и веднаш пријавила во полиција, појаснуваат за случајот од ЈО.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – обврска осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетената.
Ново на Сител
-

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
-

Муцунски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
-

Уапсени седум лица, сузбиена организирана криминална група што недозволено тргувала со дрога | ФОТО
-

Намален бројот на ученици во основните училишта
-

Угостителски услуги во периодот јануари - март поскапеле за 3.0 % во однос на лани
-

Трамп за најавениот напад врз Иран: Вечерва ќе умре цела една цивилизација, која никогаш нема да се врати
-

Го оштетиле буџетот за 6,5 милиони евра, обвинети 25 лица меѓу кои службеници во УЈП
-

61 годишник натепал контролор на ЈСП откако го затекнал без билет
